На Тикток се појави видео од коњ кој се нашол во необична ситуација. Имено, додека си играл на снегот, се „заглавил“ и не можел сам да стане, па морале да му помогнат фармерите.
Потоа, весело ги продолжил зимските радости, а сопственичката напишала дека сигурно повторно ќе мора да го „спаси“ својот коњ од снегот.
@thatmidwestcowgirl I love horses. #iowa #horses #relateable #gelding #fyp
♬ Everybody – Nicki Minaj
Видеото е прегледано повеќе од 14 милиони пати и собрало дури 1,8 милиони лајкови.
„Дали тој навистина е „заглавен“ или само сакаше дополнително внимание?“, се пошегувал еден Тиктокер, додека друг коментирал: „Не се ни потруди да стане“.
Извор: index.hr