14 ипол години за таткото и 3 години затвор за мајката на момчето убиец од ,,Рибникар”

Владимир и Миљана Кецмановиќ, родители на момчето убиец К.К.(14), кој го изврши масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ на 3 мај 2023 година, денеска во Вишиот суд во Белград беа прогласени за виновни.

Таткото на момчето убиец доби единствена казна затвор од 14 години и шест месеци, додека Миљана е осудена на три години затвор.

Исто така обвинетиот инструктор на стрелиштето каде пукаше момчето убиец Немања М е осуден на затворска казна од една година и три месеци.

За потсетување, Владимир Кецмановиќ е обвинет дека неправилно држел оружје во легално поседување во својот стан, поради што нивниот син К.К. успеал да дојде до него, да го однесе на училиште и да изврши невидено злосторство со убиство на девет ученици и еден работник од училишното обезбедување.

Тој се товари дека сторил кривично дело предизвикување општа опасност, а Миљана за недозволено поседување оружје и експлозивни направи бидејќи на една од чаурите при полициската истрага во училиштето и била пронајдена биолошка трага.

За потсетување, момчето К.К. во мај 2023 година во белградското основно училиште Владислав Рибникар со пиштолот на својот татко уби девет соученици и чувар, а рани уште пет ученици и наставничка.

Судењето беше затворено за јавноста за да се заштитат интересите на малолетните жртви.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни