Поемата „Сердарот“ („О Арматолос“) му ја донесе титулата “Втор Хомер”, откако во 1860 година ја освои првата награда на книжевниот конкурс во Атина. Наградата му нудеше студирање во Берлин или Оксфорд, но само ако се откаже од своето словенство – што тој го одби. „Сердарот“ (1860) се смета за врвот на неговиот уметнички талент и придонес за европската теорија на романтизмот. Негови други важни се: „Автобиографијата“ (1884) и словото есеј „Чувај се себеси“ (1866). Пишувајќи за него, Церевна Миладинова, ќерката на Димитрија Миладинов, го опишува Прличев како „првовенчан македонски поет“.
Тоа се комплементарни книжевни дела и ја доречуваат на директен начин основната порака на „Сердарот“. Со поемата “Сердарот”, историски ја верификувал големината на својот поетски талент. Ова поетско дело и до денешен ден според многу елементи на епското пеење се уште не е надминато.
Прличев заедно со Јаким Сапунџиев го започнал народниот подвиг во Охрид за воведување на народниот јазик во училиштата, односно борба против Цариградската патријаршија и нејзиното влијание. Во 1868 г. турската власт го затвора и го депортира во дебарската зандана, поради клевета од страна на грчкиот охридски владика.
Едно од поважните негови дела е и песната „Во илјада седумстотини шездесет и второ лето“ , која ја објавува во 1872 година во цариградскиот весник „Читалиште“ која подоцна е преобјавена и во неговата „Автобиографија“. Во цариградскиот весник „Право“ во 1872 година е објавена вест дека Прличев подготвил за печат книга песни за деца под наслов „Воспитание“ или 12 наравствени песни.
Разочаран, раздразлив заради одбивањето да му се испечати преводот на Илијада (1886-1887), поради „општословенскиот“ јазик, Прличев по пензионирањето во 1890 година, последните свои денови ги поминува во Охрид каде умира во 1893 година.