13-годишно момче обвинето за обид за убиство во лондонско училиште

Полицијата била повикана во училиштето во вторник околу 12:40 часот, а обвинетиот за убиство бил уапсен истиот ден околу 16:15 часот

Тринаесетгодишно момче е обвинето за обид за убиство откако во напад со нож во училиштето Кингсбери во Лондон беа повредени двајца ученици. Момчињата, на возраст од 12 и 13 години, беа однесени во болница и се во стабилна состојба, објави Скај њуз .

Осомничениот, чиј идентитет не може да се открие поради неговата возраст, денес ќе се појави пред Младинскиот суд во Вестминстер. Покрај двете точки од обвинението за обид за убиство, тој е обвинет и за поседување нож на училишен имот и напад со отровна супстанца врз трето дете, наводно користејќи средство против инсекти.

Полицијата била повикана во училиштето во вторник околу 12:40 часот, а осомничениот бил уапсен во пошироката област истиот ден околу 16:15 часот. Иако истрагата ја води полицијата за борба против тероризмот, инцидентот сè уште не е класифициран како терористички чин.

Главниот детектив, Хелен Фланаган, изјави дека обвинувањата се исклучително сериозни. „Ова се исклучително сериозни обвинувања против едно младо момче. Продолжуваме да им даваме поддршка на жртвите и нивните семејства, како и на целата училишна заедница по овој шокантен инцидент“, рече таа.

Во писмо до родителите, директорот на училиштето го опиша инцидентот како „длабоко трауматичен настан за целата училишна заедница“. Средното училиште Кингсбери, според Министерството за образование, го посетуваат речиси 2.000 ученици, а наставата се одржува на две локации.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни