13. Филозофски филмски фестивал

Сè е филм, во множина“, инспирирано од големиот Жан-Лик Годар (1930-2022)

Филозофскиот филмски фестивал кој ја негува и промовира мисловната, филозофско-eстетичка димензија на седмата уметност, годинава по 13. пат ќе се одржи од 2-9 јуни во Кинотеката на С. Македонија . Во рамките на ова фестивалско издание е предвидено да бидат прикажани 40-тина филмови , ќе се одржат 50-тина настани, ќе има 18 гости и 20 учесници на Втората интернационална конференција „Филозофија и филм“.

Мотото на годинешното издание на ФФФ е „Сè е филм, во множина“, инспирирано од големиот француски филмски великан од новиот бран Жан-Лик Годар (1930-2022) за кого фестивалот подготвува специјален сегмент „Фокус Годар“

фото: Getty

„Во годаровски манир, по малку поигрувајќи си со историјата/историите, или приказната/приказните на филмот, оваа година со омаж на Годар како една неизбежна одредница и лик во светската филмска историја-приказна, со радост ви го најавуваме 13. издание на нашиот и ваш ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ во кој централно место ќе има токму *Фокусот Годар*, со неколку ретки и исклучително вредни синефилски уживања коишто ги подготвивме за нашата верна публика. Годинешната максима, „Сè e филм, во множина“, на ниво на синтакса, повторува една Годарова постапка: брзиот и неочекуван монтажен засек. Затоа и запирката, која не е чест гостин во слогани, тука ни се чини и сосема посакуванa.“

фото: Getty

Богатата филмска/фестивалска програма е организирана во: Ревијална програма: филм-философија, двете компетитивни програми: Официјална селекција на долгометражни филмови и Официјална селекција на краткометражни филмови, Ретроспектива, Придружна програма (со Фокус Годар), Едукативна програма и Интернационална конференција „Филозофија и филм“, а Фестивалот работи и на два издавачки проекти

Како традиционални настани што и претходат на главниот дел од програмата во текот на минатиот месец ФФФ ја започна едукативната програма. Taa e поделена на три сегменти: Средношколска видео лектираРаботилници за млади и Фил(м)ософија со деца. Од почеток на април, па се до крајот на фестивалот има настани од оваа програма низ повеќе локации низ Македонија.

Фестивалот е во организација на Филозофското друштво на Македонија, и ќе се одржи со поддршка на Агенцијата за филм и Министерството за култура на Р.С. Македонија, во соработка со Кинотеката на С. Македонија, Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје, Амбасадата на Шпанија во Скопје, како и бројни други долгогодишни соработници и пријатели на Фестивалот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни