Секоја година на 17 ноември се одбележува Светскиот ден на прематуритетот. Проценките на СЗО се дека годишно 13.4 милиони деца се раѓаат предвреме (пред завршени 37 седмици на гестацијата) и овој број расте, што претставува приближно едно од десет од сите живородени деца“
Компликациите од предвременото раѓање се водечки причини за смрт кај децата под 5 годишна возраст, и се одговорни за близу 1 милион случаи на смрт годишно.
Констатирано е дека предвреме родените деца имаат голема веројатност на поголема возраст да заболат од тешки болести, инвалидитет, заостанување во развојот, како и хронични болести како дијабетес и срцева слабост.
„Нема значително намалување на стапката на предвремени породувања во ниту еден регион во светот во последната деценија. Годишното глобално намалување на предвремените породувања помеѓу 2010 и 2020 година беше само 0,14 отсто“, се вели во последната студија за предвремени раѓања ја објавија автори од Светската здравствена организација (СЗО), Фондот на ОН за деца (УНИЦЕФ) и Лондонската школа за хигиена и тропска медицина
Соопштено е дека околу 65 отсто од предвремените раѓања во 2020 година се регистрирани во субсахарска Африка и Јужна Азија. Во извештајот се објаснува дека предвременото породување не е проблем што се гледа само во земјите со ниски и средни приходи, туку дека оваа ситуација ги погодува семејствата низ целиот свет.
Додека стапката на предвремено раѓање изнесуваше 11,6 отсто во Грција и 10 отсто во Соединетите Американски Држави, оваа статистика е забележана и во некои земји со високи приходи.
Лошото здравје на мајките и неисхранетоста, исто така, придонесуваат за високата стапка на предвремено породување.
Најмалото родено бебе во Северна Македонија е во 23-та гестациска недела. Предвреме родените бебиња претставуваат 25 проценти од вкупниот број на раѓање во нашата земја, а смртноста од 2016 година, кога беше 25 проценти, сега е 8,9 отсто.