12 загинати во Нови Сад, тројца тешко повредени

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ соопшти дека од рушевините во Железничката станица во Нови Сад се извлечени 12 тела, како и дека три лица се тешко повредени, откако утрово се сруши кровот во реновираната железничка станица.

Тој рече дека спасувачите се се уште на терен и дека се соменеваат оти под рушевините има уште двајца или тројца.

„За жал, веројатно има уште неколку луѓе под рушевините. Јас лично можев да видам едно тело кое се уште се наоѓа под овие рушевини, до кое сега е невозможно да се стигне, а телото не дава никакви знаци на живот. Веројатно има уште, и овој број нема да биде конечен“ рече Дачиќ.

Градот Нови Сад прогласи тридневна жалост поради несреќата и загубинети животи, кои ќе почнат од утре. Владата на Србија исто така го прогласи утрешниот ден за Ден на жалост во Србија.

Зградата на железничката станица во Нови Сад прв пат беше реновирана помеѓу 2021 и 2022 година, а неколку месеци подоцна повторно се започна со реновирање на истата. Свечено беше отворена на 5 јули оваа година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни