12-то издание на изложбата ,,Сo љубов од Битола”

„Историја во создавање’’ е мислата со која е поврзано 12-то издание на изложбата ,,Сo љубов од Битола” која свечено ќе биде отворена на 22 август, четврток во 19:30 часот во галерискиот простор на фоајето на НУ Центар за култура Битола.

Оваа година изложбата се состои 25 фотографии од 19 автори, а темата на конкурсот беше „Модерните архитектонски симболи на Битола “

Задачата за фотографите беше на креативен начин да се направи фотографско сведоштво на објектите и инфраструктурата со датум на изградба после 1950 година.

Стручното жири во состав Дражан Брачиќ – Фотограф, Александар Котевски – Кинематографер и Илија Тирицовски – продуцент, од пристигнатите 90-тина фотографии од 23 учесници на конкурсот селектираа 22 фотографии кои ќе бидат дел од овогодинешното издание на изложбата и ги селектираа најдобрите 3 фотографии кои ќе ги добијата паричните награди и 2 фотографии кои ќе добијат пофалница.

Сите фотографии кои пристигнаа на конкурсот, а не беа селектирани како дел од изложбата ќе бидат дел од електронската изложба која ќе биде прикажана на денот на отворањето. Реализацијата на ова 12-то издание на изложбата е финансиски поддржано од Сава пензиско друштво а.д. Скопје кои ја продолжувaат традицијата на поддршка на проекти кои се насочени кон вклучување на граѓаните и поддршка на урбаната култура веќе 5-та година по ред.

Како своевидна ризница и дигитална фотографска библиотека на Битола – проектот СО ЉУБOВ ОД БИТОЛА оваа година е дел од Битолското културно лето Бит-Фест 2024 и е поддржана од Општина Битола Општина Битола.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни