Во 1999 година Обединетите Нации со резолуцијата 54/120 го усвојуваат 12 август како Меѓународен ден на младите, со цел да се привлече вниманието на меѓународната заедница за младинските прашања и да се слави потенцијалот на младите како партнери во денешното глобално општество.
Оваа година одбележувањето на денот е во знакот на дигитализацијата и почитувањето на неверојатното влијание кое младите луѓе го имаат во поттикнувањето на дигиталните иновации за одржлив развој.
Меѓународен ден на младите во светот се одбележува под мотото ,,Од Кликови до Напредок: Младински дигитални патишта за одржлив развој”(From Clicks to Progress: Youth Digital Pathways for Sustainable Development).
Дигитализацијата го трансформира нашиот свет, нудејќи невидени можности за забрзување на одржливиот развој. Дигиталните технологии како што се мобилните уреди, услугите и вештачката интелигенција се клучни за унапредување на Целите за одржлив развој. Податоците генерирани од дигитални интеракции го поддржуваат донесувањето на одлуки засновани на докази. Со големо влијание низ економските, социјалните и еколошките димензии, дигиталните технологии и податоци придонесуваат за најмалку 70 проценти од 169-те цели на Целите за одржлив развој со потенцијално намалување на трошоците за постигнување на овие цели до 55 трилиони американски долари.
Младите луѓе предводат во дигиталното усвојување и иновации, при што три четвртини од младите на возраст од 15 до 24 години користеле интернет во 2022 година, што е стапка повисока од сите други возрасни групи.
Сепак, разлики постојат, особено во земјите со низок приход и меѓу младите жени, кои често имаат помал пристап до интернет и дигитални вештини во споредба со нивните машки колеги.
Иако постои итна потреба да се зајакне дигиталната вклученост, младите во голема мера се препознаваат како „дигитални домородци“, користејќи технологија за да поттикнат промени и да создаваат решенија.
Улогата на младите во дигиталните иновации е суштинска за решавање на глобалните проблеми.
Прославувајќи ги дигиталните придонеси на младите, можеме да инспирираме понатамошни иновации и соработка кон постигнување одржлив развој.
Во Македонија младите се една четвртина од вкупното население. Соочени со голем број на предизвици, денеска тие сеуште се на маргините на општеството, не ретко исклучени од процесите на донесување на одлуки и без механизми за нивна поддршка.