Денес 12 пациенти кои се лекуваа во болниците во земјава заминуваат на дома, а во болниците во земјава ќе останат да се лекуваат 27 пациенти. Исто така во странство продолжуваат да се лекуваат 115 пациенти, изјави денес минисерот Арбен Таравари.
„Добра вест е тоа што најверојатно еден пациент од Белград се враќа денеска и ќе биде на понатамошно лекување во Скопје. Пациентот е во добра општа состојба, ќе биде направена тријажа и ќе биде сместен на клиника. Состојбата на пациентите надвор во државата, продолжува и четири-пет пациенти и понараму се во посериозна состојба, некаде има и влошување, но колегите се обидуваат да дадат максимум од себе, за да го поминат овој тежок период за нив – рече Таравари.