12 мртви во масакарот во Цетиње, убиецот се самоуби

Почина осомничениот за криминалот во Цетиње, Ацо Мартиновиќ, соопшти министерот за внатрешни работи Данило Сарановиќ. Тој изјави дека Мартиновиќ починал за време на транспортот до КЦЦГ. Полициската акција за потрага по Мартиновиќ била успешно спроведена.

Шарановиќ изјавил дека Мартиновиќ се обидел да се самоубие, но починал на лице место.

Потсетуваме, Ацо Мартиновиќ е осомничен дека денеска во Цетиње уби десет лица, од кои две деца, а четворица тешко рани.

Мартиновиќ злосторството го започнал во таверната „Велестово“, во близина на Спортскиот центар на влезот во Цетиње. На првата локација, во кафаната „Велестово“ во центарот на градот убил четири лица. На втората локација убил уште четири лица, а на третата две – деца на возраст од 10 и 13 години. Мартиновиќ убил уште по едно лице на четвртата и петтата локација, објави Настиќ.

После тоа, во населбата Хумци во Цетиње, во близина на куќата во која живеел, Мартиновиќ си пукал во главата, а на пат кон болница починал.

Освен 12 загинати, ранил и четири лица – сите се во тешка состојба, а оперирани се во КЦЦГ
– Александар Мартиновиќ ги уби жртвите на пет различни локации во тој град – оваа информација ја потврди обвинителката Андријана Настиќ, откако беше спроведена истрага на сите локации.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни