Makедонски Народен Театар

„12“ (Гневни мажи) – Драма за правдата, казната и гневот

Драмата „12“ работена според текстот „12 гневни луѓе“ на Реџиналд Роуз и „12“ на Никита Михалков, во режија Синиша Ефтимов и во продукција Македонскиот народен театар, премиерно беше изведена на 20 ноември. Првично напишана во 1954 година, драмата ги истражува темите на правдата, предрасудите и моралната одговорност, што ја прави релевантна во овие времиња исто како во минатата епоха.

,,Претставата „12“ е декларација на нашата неспособност. Некомпетентност! Само бледа опција, сред духовна корупција. Дали сме тука само да ја раскажеме нашата приказна? Имам свои сомнежи. Колку чини човечкиот живот? Верувам во волјата да се преживее. Но не и во истребување. Дали вербата е доволна. Дали воопшто може да веруваме? И кому? Можеби и не сме толку битни. Може да нѐ снема за миг. Бесот е блуткаво недоразбирање. Мост кон островот на изневерени очекувања. Претставата „12“ е предговор за сите наши потфрлања…”

Синиша Ефтимов- режисер

-Некои Х број на луѓе стално одлучуваат за нечија судбина. Во случајов имаме 12 поротници кои одлучуваат за судбината на едно дете. Тоа е основната фабула и можеш да извлечеш доста паралели. На крајот на денот имаме милион луѓе кои одлучуваат за нашата судбина како држава денес  и ништо не зависи од нас. Дали сме ние криви или не сме криви, не знаеме ниту пак некој дискутира за тоа, но дефинитивно некој ни ја крои судбината. Така и овие луѓе овде. Во случајот станува збор за животот на еден млад човек кој што, можеби, на крајот на денот е убиец. Меѓутоа секој треба да има шанса, мора да ја има шансата за да се одбрани  или некој друг да одлучи за него. Така да од таму тргна сè- вели режисерот на претставата Сниниша Ефтимов.

Дванаесетте мажи, поротници, се наоѓаат во еден затворен простор без комуникација со надворешниот свет, од проста причинина за да немаат влијание врз нивното расудување и се обидуваат да се снајдат во тој микрокосмос кој го градат меѓу себе. Она што е многу битно, вели Ефтимов е дека станува збор за 12 случајно избрани луѓе.

-Станува збор за 12 некомпетентни луѓе. 12 луѓе кои се дојдени тука со својот светоназор, со своите погледни на свет, предрасуди… Дали се право или не се во право, апсолутно е небитно и тргнуваат од својот порив приватен, личен, комплексите, мааните, доблестите кои ги носат со себе ги убацуваат во конкретната ситуација и расудуваат од таму поаѓајќи. И генерално станува збор за некомпетентност. Дури и оваа претства заборува точно за тоа. Како 12 некомпетнтни луѓе одлучуваат за судбина нечија – вели Ефтимов.

Најдобрите актери на една сцена

Во претставата играат: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски,Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Сенко Велинов, Оливер Митковски, Владо Јовановски, и Сашко Коцев.

-Во случајов ги имаме најдобрите актери што Македонија може да ги понуди во моментов, особено од  таа постара генерација. Мојата работа како режисер е како да ги изменаџирам сите енергии. Не само со со оваа екипа туку со било која вклучувајќи ме мене самиот. Сите  ние уметниците знаеме да бидеме доста суетни, работиме на тоа секој ден да станеме подобри луѓе. Беше голема чест и задоволство да се работи со оваа екипа особено што половина од нив буквално ме израснале во театар. Немаше проблеми и потреба од доведување во ред на сите суети. Напротив многу брзо, на почеток уште сфатија сите дека ова е многу јак тим и само може да стане појак доколку сите сфатат дека сите со своите доблести и маани можат да си помогнат еден на друг и да се надополнат ида станат една целина која што евидентно покрена една чудна енергија која што го полуде Скопје – вели Ефтимов.

Благој Веселинов

Благој Веселинов, е еден од актерите во претставата и го глуми поротникот бој 5                                                                                    –Ова е мое прво искуство и улога која има задача да одлучи за животот на еден човек, во нашава ситуација за животот на еден млад човек. Тоа е лик кој нема име, има број. Јас го играм бројот 5 во претствата и морам да ви кажам дека е тотален опозит од тоа што е мојот лик и мојата нарав – вели Благој.

Музиката на ПМГ Колектив во претставата

Музиката во претствата е  на ПМГ Колектив и Мирко Попов, кому и му е посветена претствата.

– Кога стигнавме до моментов да треба да се прави некаква музика за претставата, пресеков дека ќе биде ПМГ. Сметам дека песните кои што ние ги правевме, кои што Мирко ги пишуваше едноставно беа сами по себе толку јаки, за да ги поставувам на сцена па да кажам уште нешто за нив. Така да овде тргнав од една сосем нова форма која на крај на денот со Мирко ја истражувавме пред ненадејно да не напушти и капитализиравме на она што го  направивме овде. Ова се тотално некои саундскејпови, музички  атмосфери кои ја поддржуваат атмосферата и се обидуваат да го коментираат дејството и буквално да му помогнат на дејството да оди во еден или дру правец и на крај завршува целата приказна со една наша постара песна од нашиот втор албум – Пријателски оган – „Крај на светот“. Така и завршува приказната, со крај на светот, вели Ефтимов.

Фото: МНТ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни