Титаник британски прекуокеански патнички брод од класата „Олимпик“ сопственост на Вајт Стар Лајн, компанија што организирала редовен прекуокеански сообраќај помеѓу Велика Британија (обично од Саутхемптон) и САД (обично до Њујорк). Бил изграден во бродоградилиштето Харланд и Вулф. Во времето кога бил изграден, бил најголемиот патнички брод. Бил изработен според најсовремените технологии и популарно се верувало дека е „непотоплив“. Палубите и просториите од првата класа на бродот биле особено луксузни и убаво уредени.
Имал носивост од 46.328 БРТ, должина од 269,1 м, парни турбини со 59.000 коњски сили, максимална брзина при полн товар од 24 јазли (44,57 км/ч) и капацитет од 3.547 патници.
За време на првото патување, „Титаник“ удрил во санта мраз во Северниот Атлантик пред полноќ на 14 април 1912 ситни и потонал два часа и четириесет минути подоцна, на 15 април. Тоа бил голем шок за јавноста, особено што потонувањето завршило со огромни загуби од 1517 патници, што е една од најголемите поморски цивилни несреќи.