Потесниот избор за наградата „Роман на годината“ за 2025 година ја објави Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Жирито, составено од Калина Малеска, Иван Антоновски, Ивана Трајаноска, Иван Шопов и Катерина Богоева, го одбра 11-те финалисти од вкупно 46 пријавени романи.
Селектираните дела се:
- „Александар јава на запад“ – Венко Андоновски, „Три“
- „Тринаесеттиот“ – Лидија Димковска, „Три“
- „Необјавен фељтон“ – Владимир Илиевски, „Maкедоника литера“
- „Илина и тајните на Бабин заб“ – Хана Корнети, „Или – или“
- „11 проверени начини како да ја заебеш љубовта: (роман во раскази)“ – Драгана Лукан Николоски, „Чудна шума“
- „Зара Зарина“ – Лилјана Пандева, „ПНВ публикации“
- „Кривата Дијана: (роман за верижната вина)“ – Фросина Пармаковска, „Арс Либрис“
- „Фобос: деконструиран роман“ – Соња Станковска, „Или – или“
- „Три Марии: (роман -басма)“ – Оливера Ќорвезироска, „Арс Либрис“
- „Само уште еден скок“ – Енис Хилми, „Светулка нова“
- „Повратник со две лица“ – Ивица Челиковиќ, „Паблишер“
Наградата, под генерално покровителство на Комерцијална банка АД Скопје и поддржана од Министерството за култура и туризам, ќе се додели 27-ми пат. Лауреатот ќе биде објавен на прес-конференција на 13 март во Друштвото на писателите на Македонија во Скопје, а наградата вклучува плакета, уникатна статуетка и паричен износ од 150.000 денари.
Минатогодишниот победник беше романот „Светот што го избрав“ на Калина Малеска.