11 мртви меѓу кои и едно дете и 80 повредени во терористичкиот напад во Германија

Хаселоф соопштил дека осомничениот е доктор од Саудиска Арабија, има 50 години и во Германија е од 2006 година.

Премиерот на германската покраина Саксонија-Анхалт, Рајнер Хаселоф, изјавил дека меѓу загинатите во терористичкиот напад во Магдебург има и мало дете. Тој додал дека не може да ја исклучи можноста дека ќе има повеќе жртви, а меѓу настраданите има 15 лица во тешка состојба, 37 со средно тешки повреди и 16 со полесни повреди.

Хаселоф соопштил дека осомничениот е доктор од Саудиска Арабија, има 50 години и во Германија е од 2006 година.

„Bild“ порано објави дека има 11 мртви и помеѓу 60 и 80 повредени.

Портпаролот на регионалната влада, Матијас Шупе и градскиот портпарол, Михаел Рајф, изјавиле дека се работи за внимателно изведен напад.

Универзитетската болница во Магдебург соопштила дека примила помеѓу 10 и 20 пациенти, но се подготвуваат да примат уште луѓе, јавува АП.

Германските медиуми пишуваат дека напаѓачот возел низ Божиќниот пазар 400 метри, по што газел се пред себе и на крајот застанал, кога бил и уапсен.

Германскиот канцелар Олаф Шолц изразил загриженост поради нападот во Магдебург.

„Извештаите од Магдебург велат дека се случило нешто исклучително страшно. Моите мисли се со жртвите и нивните семејства“, напишал Шолц на платформата X.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни