11 лица, главно странски туристи, загинаа по пад на мал авион во Кенија

Авионот се урнал во ридско и шумско подрачје, на околу 40 километри од аеродромот Диани, соопштија властите

Мал авион со 11 лица се урна денес во Кенија, а сите патници загинаа во несреќата, меѓу нив осум Унгарци и двајца Германци, како и кенискиот пилот, соопшти авиокомпанијата „Момбаса Ер Сафари“.

Авионот полетал од туристичкиот град Диани и се движел кон Националниот парк Масаи Мара кога се урнал околу 5:30 часот наутро по локално време (3:30 часот по средноевропско време), соопшти кениската управа за цивилно воздухопловство (KCAA).

Авионот се урнал во ридско и шумско подрачје, на околу 40 километри од аеродромот Диани, соопштија властите, пренесува агенцијата АП.

Комесарот на округот Квале за АП изјави дека во времето на падот на авионот, врнело силен дожд во крајбрежјето на Кенија.

Авионот се запалил, а неговите изгорени остатоци останале на местото на несреќата, соопштија официјални лица.

Шефот на авиокомпанијата потврди дека дошло до несреќа со еден од нивните авиони и рече дека во авионот имало десет патници – осум Унгарци и двајца Германци и еден кениски пилот.

За жал, нема преживеани, изјави Џон Клив во соопштението, повикувајќи се на прелиминарните информации и додавајќи дека е мобилизиран тим за итна интервенција.

Директниот лет од Дијани, популарен крајбрежен град познат по своите песочни плажи, до Националниот резерват Масаи Мара, кој се наоѓа западно од брегот, трае околу два часа.

Резерватот привлекува голем број туристи кога се одвива годишната миграција на диви животни од Серенгети во Танзанија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни