103- ка се врати на Македонско радио

Со првата емисија на ,,Домашна работа” – радио магазин за современа музика и култура, која зрачи од 2 март, започна официјалната соработка меѓу Македонската Радио Телевизија и Канал 103

,,Домашна работа”, по долги четири години, повторно го враќа Канал 103 на скалата ФМ, на 2 часа неделно, но овојпат на национално ниво.

Ова, како што велат од таму треба да биде само прв исчекор, само почеток на една континуирана соработка меѓу националниот јавен дифузер и Канал 103, која во иднина ќе се развива и продлабочува на взаемно задоволство и конечно, во интерес на граѓаните и јавното добро. Сето тоа со една конечна цел – враќање на фреквенцијата и дефинитивно легализирање на Канал 103, кој веќе 34 години е бастион на независната мисла и радио дом на културата, како еден од најстарите независни и алтернативни медиуми во земјата и радио на заедницата.


„Домашна работа“ е радио магазин што ја истражува и промовира македонската алтернативна и независна музичка и културна сцена. Наменета е за пошироката публика со интерес за музика, култура и уметност. Целта на емисијата е да им даде глас на локалните музичари, уметници и културни активисти, истовремено поттикнувајќи критичко размислување за тековните предизвици во културниот сектор.

Фото: Јелена Белиќ

Во таа насока, второто издание на овој радио магазин, Стотројка го посети градот херој, по повод Прилепскиот карневал и еднодневниот фестивал „Прочка ебаго“ – добар пример за успешна соработка меѓу независната сцена и локалните јавни институции.

Емисијата е достапна за слушање на следниов линк:

Во третото издание на „Домашна работа“ коешто ќе се емитува на 16 март, меѓу другите содржини, слушателите ќе можат да чујат интервју со македонскиот музичар и композитор Никола Коџабашија, кој веќе долги години живее и работи во Велика Британија.

Оваа двочасовна радио програма ќе се емитува секоја недела на фреквенциите на Македонско радио – Радио 2, а истовремено и на стриминг каналите на Стотројка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни