Кори Кереваро вели дека неговата служба била повикана да спаси „куп“ змии откако една од нив каснала куче во дворот.
Кога неговиот колега пристигнал на лице место, открил 40 црни змии со црвен стомак, од кои четири родиле млади кога ги ставил во торбата.
Црните змии со црвен стомак се едни од најчестите отровни змии во Австралија, но од нив до денес не е регистриран смртен случај.
Aussie Snake Catchers Find 102 Venomous Snakes Slithering Around in Backyard! #snakes #australia #sydney #reptiles #venomoussnakes #redbelliedblacksnake #snakecatching #wildlife #animals #discovery pic.twitter.com/BqV7udwc0m
— Asianet Newsable (@AsianetNewsEN) February 7, 2025
Пет возрасни змии и 97 младенчиња моментално се во карантин и ќе бидат пуштени во националниот парк кога малку ќе залади.
Кереваро вели дека уловот бил рекорден и дека обично фаќаат меѓу пет и 15 змии дневно.
Се присетил и на зборовите на колегата Дилан Купер, кој му се јавил кога пристигнал.
„Друже, ќе бидам тука некое време. Тоа е прилично голем куп… Веќе имам повеќе од 15 змии“, му рекол Дилан, на што Кереваро мислел дека колегата се шегува.
Кучето кое било каснато од една од возрасните змии не претрпело сериозни последици.
Женките црни змии со црвен стомак често се собираат во мали групи кога се подготвени да се породат, веројатно за да се заштитат од предатори.
Тие се и единствените змии од тој род кои раѓаат живи млади.
Овој вид ги избегнува луѓето, а каснувањата, кои се ретки, може да предизвикаат оток, гадење и дијареа.