Седмо издание на циклусот „Клинци“ во организација на „Култура Бета“ и Europe House Skopje

„Клинци“ е циклус од мултимедијални настани во чии рамки се претствуваат млади книжевници и визуелни уметници.

Седмото издание на циклусот „Клинци“ во организација на „Култура Бета“ и Europe House Skopje ќе се одржи во Europe House во Скопје, на 30. април (среда) со почеток во 20 часот.

„Клинци“ е циклус од мултимедијални настани во чии рамки се претствуваат млади книжевници и визуелни уметници. На секое издание може да чуете поезија и проза од четворица млади автори, како и да погледнете изложба од млад уметник.

Овојпат на „Клинци“ ни читаат: Павлина Атанасова, Нино Наумовски, Милена Неделковска иАндреј Анѓеловиќ

Своја изложба ќе има уметницата Евгенија Трајковска а модератор на настанот ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни