„Музиката отсекогаш била мојот избор за изразување. Соул жанрот, особено, е жанр кој во мојата емисија имаше посебно место. Преку него, не само што ги враќав во живот одамна заборавените хитови, туку создавав нови емоции и спомени за слушателите. Како што се менуваше индустријата и технологијата, така и емисијата еволуираше. Од денови кога ни требаше „глува соба“ за снимање, до денес кога сѐ што ни треба е компјутер и љубов кон музиката – предизвиците беа многубројни, но љубовта кон оваа работа никогаш не згасна“, вели тој.
Најголем успех? Враќањето на луѓето во времето кога сите бевме „убави и млади“, кога музиката беше дел од секој наш ден. Музиката е лек, и тоа е нешто што не се менува – без разлика на времето или границите.