Започнува 3-та сезона на Боренка во Македонија

100 волонтери ќе ја пошумувааат опожарената шума во Беровско Будинарци

До сега Боренка има посадено повеќе од 55.000 садници, вклучено повеќе од 2000 волонтери, пошумено 13+ хектари опожарена површина, а во над 80 едукативни работилници беа вклучени повеќе од 10.000 деца од повеќе од 40 основни училишта низ земјава

Речиси 100 волонтери, вработени на Комерцијална банка, средношколци од Берово и Пехчево како и извидници, оваа среда, на 20 ноември, во Беровско, с.Будинарци ќе учествуваат во најголемото европско волонтерско пошумување на опожарени површини со популарната Боренка. Ова воедно е и прва акција од 3-та сезона, а 13-та по ред акција за пошумување во програмата Боренка, која годинава се одржува трета година по ред. Акцијата за пошумување ќе се одржи на 20 ноември среда со почеток во 10:00ч.

Оваа среда на Боренка ќе учествуваат претставници од Сојуз на извидници на Македонија, шумари и експерти од Национални шуми, подружница Берово, ученици и наставници од ОСУ „Ацо Русковски“ – Берово и нашите Зелени поБОРници, волонтери од Комерцијална банка, кои ќе посадат 6000 садници на површина од 2 хектари опожарена земја.

На настанот на сите волонтери им се обезбедени садници, работни ракавици, алат за садење, стручен надзор од експерти од Национални шуми, вода, храна и овошје.

До сега Боренка има посадено повеќе од 55.000 садници, вклучено повеќе од 2000 волонтери, пошумено 13+ хектари опожарена површина, а во над 80 едукативни работилници беа вклучени повеќе од 10.000 деца од повеќе од 40 основни училишта низ земјава.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни