На 24 јуни, кога се навршија точно 100 дена од трагедијата во Кочани, низ центарот на Скопје и пред клучни институции беа поставени 100 пораки на незадоволство – по една за секој ден во кој институциите молчат, не преземаат одговорност и не обезбедуваат помош.
Акцијата беше гласен и видлив потсетник дека: родителите и преживеаните сè уште не добиле никаква поддршка; надлежните молчат и ги замолчуваат тие што преживеаја; обвиненијата селективно ги заобиколуваат најмоќните, блиски до власта; собранието гласаше против финансиска поддршка за семејствата на жртвите.
Овие 100 пораки го претставуваат гласот на оние кои не се слушнати – гласот на болката,
разочараноста и барањето за правда.
Тие се сведоштво дека граѓаните не забораваат, и нема да престанат да бараат одговорност, се додека: системот не проработи, настраданите не добијат поддршка, а правдата не ги стигне и оние на највисоки позиции