Во соопштениете, зоолошката градина соопшти дека е „пресреќна“ поради доаѓањето на четирите младенчиња, што е прв пат во нејзината повеќе од 150-годишна историја.
Младенчињата се потомци на женката Мами и мажјакот Абразо, двајцата најстари жители на зоолошката градина. Засега се чуваат во Куќата на влекачи и водоземци и соодветно се хранат, соопштија од зоолошката градина.
Тие тежат меѓу 70 и 80 грама, приближно колку јајце од кокошка. „Ова е значајна пресвртница во историјата на зоолошката градина во Филаделфија и не би можеле да бидеме повозбудени да ја споделиме оваа вест со нашиот град, регион и светот“, рече претседателката и извршна директорка Џо-Ел Могерман во изјавата. Според неа, Мами пристигнала во зоолошката градина во 1932 година, што значи дека секој што ја посетил зоолошката градина во последните 92 години веројатно ја видел.
„Визијата на зоолошката градина во Филаделфија е дека овие младенчиња ќе бидат дел од просперитетна популација на желки од Галапагос на нашата здрава планета за 100 години од сега“, рече таа.
Зоолошката градина планира да ги покаже младенчињата за прв пат на 23 април, како и да организира натпревар за избор на нивните имиња.