Не е тајна дека кучињата од секогаш важеле за верни придружници на луѓето. Меѓутоа, со текот на еволутивниот развој и крзнените човекови пријатели се менувале и адаптирале на времето и просторот. Од друга страна, ако се се земе фактот што човекот од секогаш одбирал кои раси повеќе ќе ги припитомува и размножува се дошло до доминација на одредени карактеристики кај кучињата.
Мутацијата не е единствениот начин со кој работи природната и вештачката селекција. Дарвин опишува како и природните варијации во поединечни растенија и животни ја поддржуваат селекцијата на нови особини. Се шпекулира дека волците скротени повеќе од просечното, помалку претпазливи од луѓето, самите се селектирале како домашни кучиња во текот на многу изминати генерации. Овие волци биле способни да напредуваат со тоа што ги следеле луѓето во потрагата по храна близу до логорски огнови и депонии. На крај се развил симбиотички однос помеѓу луѓето и овие пракучиња. Кучињата се хранеле со остатоците храна од луѓето и луѓето откриле дека кучињата можат да ги предупредуваат за опасностите кои им се приближуваат, да им помогнат во ловот, да се однесуваат како миленици, да обезбедуваат топлина или да им ги надополнуваат нивните потреби за храна. Како што еволуирал овој однос, луѓето почнале да ги чуваат овие самоприпитомени волци и да ги размножат од нив расите на кучиња кои ги имаме денес.
Кога првпат се појавиле расите на кучиња?
Всушност, повеќето раси на кучиња што ги гледаме денес се појавиле во последните 150 години. Ваквата теорија научниците ја базираат на фактот што последните децении драстично се смени одгледувањето кучиња, селектирањето на нивните како физички така и психички карактеристики. Водени од тоа, многу научници се согласуваат дека модерните кучиња се само припитомени волци. Студиите сугерираат дека долгиот еволутивен процес се случувал помеѓу 12.500 и 15.000 години, или можеби дури и порано.
Airedale Terrier
Низ текот на годините, се чини дека оваа раса го сменила своето крзно од полесно во бобујно. Исто така дека дошло до издолжување на опашката, но и задебелување на струкот.
Basset Hound
Расата Basset Hound низ текот на времето претрпела неколку промени во својот изглед, вклучувајќи намалена висина, изразена должина на ушите како и збрчкана кожа околу очите. Како што одминувало времето, сметаат експертите, кај оваа раса дошло и до здебелување на задните нозе.
Boxer
И кај оваа раса припитомувањето и контролираното размножување си го наплатиле данокот. Последните генерации на кучиња од расата на Boxer се карактеризираат со намалена и испакната муцка, за разлика од порано, како и намалени димензиите на нивните уши.
Bull Terrier
Оваа раса на кучиња во минатото изгледаше доста по атлетично, за разлика од денес. Сепак, она што најмногу се променило кај оваа раса е обликот на черепот како и стомачниот дел. Денешните претставници на раста имаат поелипсовиден череп и здебелен стомачен дел што не било карактеристика пред стотина години. Исто така денешните кучиња од оваа раса имаат опашки во помал размер, но и силно развиени заби.
Chow Chow
Оваа раса е една од најстарите кои сè уште постојат и денес, па затоа не е ни изненадувачки што претрпела и повеќе промени. Во минатото, кучињата од расата Chow Chow не беа толку дебели како што се сега, а нивните муцки беа поистакнати. Во денешно време, овие кучиња строго важат за салонски и се слуваат во домашни услови.
Dachshund
Во минатото, оваа раса на кучиња имала многу пократок врат, но затоа нозете биле повеќе од функционални. Сепак како и многу други раси и оваа претрпела промени. Денешните кучиња од расата Dachshund имаат исклучително долг врат и подолги нозе, со кои можеле полесно да трчаат. Од оние поистакнатите промени кои ги претрпела расата се испакнувањето на градите и намалувањето на должината на нозете.
English Bulldog
Прекумерната кожа можеби е една од најзабележливите промени што ги доживеала оваа раса на кучиња. Во исто време, нивните предни нозе се чини дека станаа малку пократки.
German Shepherd
Се чини дека оваа раса на кучиња како што минувало времето така го задебелувале крзното, развивале силни и широки шепи, а исто така и градниот кош. Кучињата од расата германски овчар се едни од оние кои најлесно се адаптираат и прилагодуваат на околностите во кои се чувани.
Neapolitan Mastiff
Денешниве кучиња кои се вбројуваат во оваа раса на кучиња се чини дека претрпеле најголеми физички промени, споредено со нивните роднински раси. Тоа се должи на фактот што денешните раси имаат изразен вишок на кожа, како и испакнати очи.
St. Bernard
Модерните St. Bernard изгледаат сосема поинаку од оние во минатото, бидејќи имаат изразито густо крзо како и збрчкано лице. Денешните кучиња од оваа раса, споредено со предците, имаат и испакнат нос.
Извор: 5minutecrafts.site