10 песни со порака за подобар свет и подобро утре

Музиката е универзален медиум за испраќање порака и креирање емоции низ историјата. Како што годините поминуваа и текстовите напредуваа, музиката стана многу повеќе од мелодија за уживања и стана водич за општествени движења, глас за безгласните и симбол на надеж.

Без разлика дали текстот носи љубовна порака, анти-војна или повикува на мир, споделуваме со вас 10 песни креирани за подобар свет кои испраќаат порака за мирно живеење.

  • Redemption Song – Bob Marley

    Песните на Боб Марли станаа синоним за мир и единство, отелотворувајќи безвременски вреднсоти кои одекнуваат низ генерациите. Тие претставуваат безвременска химна за секое општествено движење кое се бори за подобар свет, а „Redemption Song“ е пример за тоа како една песна може на нашите вознемирени души да ни ја донесе смиреноста што ни е потребна во животот, терајќи да размислуваме за нашето минато и иднината.

    • Blowin’ in the Wind – Bob Dylan

    Оваа песна на Боб Дилан од 1962 година е опишана како протестна песна и химна за граѓански права и за нуклеарно разоружување. Песната ја доведува во прашање истрајноста на војната, непотребното насилство и угнетувањето.

    • All You Need is Love – The Beatles

    Оваа песна за прв пат е изведена на телевизиското шоу „Нашиот свет“ во 1967 година и беше значајна како прва меѓународна сателитска телевизиска продукција во живо. Наскоро стана химна за целиот свет со порака за славење на љубовта како универзална сила што ги надминува границите.

    • We Want Peace – Lenny Kravitz

    Оваа песна на Лени Кравиц беше објавена за симнување во 2009 година како протест против инвазијата на Ирак и во неа се адресираат теми како војна, насилство и неправда.

    • Imagine – John Lennon

    Оваа песна замислува свет без граници, сопствеништво или религии, каде човештвото живее во хармонија и промовира иднина ослободена од поделби и конфликти кои го уништуваат општеството, испраќајќи универзална порака за надеж и обединување.

    • Gimme Shelter – The Rolling Stones

    Излезена во 1969 година на нивниот албум „Let it bleed“, Ролинг Стоунс со оваа песна подигнуваат свесност за суровата реалност на војната и за тоа како луѓето очајно бараат засолниште. Во интервју за Ролинг Стоун во 1995 година, Мик Џегер објасни дека бендот несомнено бил погоден од Виетнамската војна при создавањето на песната.

    • What a Wonderful World – Loius Armstrong

    Кога беше објавена оваа песна не доби многу внимание во САД, бидејќи претседателот на ABC Records не ја сакал и не сакал да ја промовира. Откако тој се повлекол од компанијата, песната добила мала промоција, но таа сепак успеа да стане светски хит, покажувајќи дека силата на музиката е незапирлива.

    • We are the World – Michael Jackson

    Овој хуманитарен сингл, насловен „Ние сме светот“, беше снимен од САД за Африка. Беше инспириран од „Дали знаат дека е Божиќ?“ хуманитарен сингл од 1984 година, снимен од некои од најпопуларните британски и ирски музичари за да соберат пари за да се стави крај на гладот ​​во Етиопија. Текстот на „Ние сме светот“ е повик за мир, фокусирајќи се на благосостојбата на децата ширум светот.

    • Under Pressure – Queen

    Овој сингл е издаден во 1981 година како кулминација на соработката помеѓу Квин и Дејвид Боуви, како две од најголемите имиња во рок музиката во историјата. Песната истражува теми за притисок од работа, стрес и човечката состојба во општеството на рутини. Текстот на песната допира теми како што се економските тешкотии, социјалната нееднаквост и борбите на секојдневниот живот.

    • All Along the Watchtower – Bob Dylan

      Напишана и објавена од Боб Дилан, оваа песна доби популарност преку коверот на Џими Хендрикс. И двете верзии се еднакво моќни, со текстот кој е криптички разговор помеѓу двајца чувари, кои ги споделуваат своите перспективи за светот и ужасите кои се случуваат како губење на природните ресурси откако богатите ги зеле, до разбирањето на тоа каков е животот и каков треба да биде.

      Извор: Playing for Change

      е-Трн да боцка во твојот инбокс

      Последни колумни