10. издание на „Скопје Синема Сити“ од 1 до 4 јули во Кинотека

„Скопје Синема Сити“ е филмски фестивал на музички документарни филмови. Оваа година, фестивалот слави 10 години и програмата е поделена во два дела: изложба на фотографии и проекции.

Фестивалот ќе се отвори со филмот „Carlos“ за Карлос Сантана на режисерот Руди Валдес.

Втората вечер е посветена на иконите на џез и панк музиката: Чет Бејкер и Џо Страмер. Ќе се прикажуваат филмовите  „Ајде да се изгубиме:Чет Бејкер“ и „Џо Страмер: Иднината е ненапишана.“

„Земја во фокус за оваа година е Полска. Артист во фокус за оваа година е полскиот филмски композитор Збигњев Прајснер кому му ја доделивме наградата за животно дело. Фестивалот ќе прикаже дел од опусот на полскиот режисер Грегор Брзозович. Тој и ќе биде гостин на ‘Скопје Синема Сити’“, велат од фестивалот.

Последната вечер е посветена на македонскиот филм. Авторите на филмовите Vasil Mihail и Blagojce Trajkovski се и автори на книги, така што ќе има и две промоции на книги покрај проекциите.

„Во врска со картите, ние соработуваме со Кинотека која ги продава на денот на проекцијата по принципот, прв дојден, прв услужен. Освен првата вечер кога ќе го прикажеме филмот „Карлос“ со почеток во 21 часот, сите други проекции почнуваат од 20:15. Во случај на дожд проекциите се селат во киното во Кинотека“, соопштуваат од фестивалот.

Во прилог целосната програма:

01-04 јули Проекции во Кинотека на Северна Македонија
односно во киното Мирно лето (open air).

Проекции

01.07.
21.00 ч -„Карлос Сантана“ реж: Руди Валдез, САД, 90 мин
“Carlos” dir. Rudy Valdez, USA, 90 min.

02.07.
20.15. ч. „Ајде да се изгубиме: Чет Бејкер“, САД, реж. Брус Вебер, 120 мин
“Let’s get Lost: Chet Baker” USA, dir. Bruce Weber, 120 min.

22.15.
„Џо Страмер, Иднината е ненапишана,“ В. Британија, реж. Џулијан Темпл 120 мин.
“Joe Strummer, The Future is Unwritten.” UK. Dir. Julian Temple 120 min.

03.07.
Земја во фокус: Полска
Country in Focus: Poland
20.15.
Омаж на опусот на Грегор Брзозовичвич/Homage to Gregor Brzozowicz’s films

1.„Пријатели со 33 вртежи“ 57 мин
“Friends on 33”

21.15
.Разговор со режисерот Грегор Брзозвич,
– Q and A with Grzegorz Brzozowicz

22.00
„Станислав Сиревич“, 57 мин
“Stanislaw Syrewicz”

04.07.
Вечер на македонски филмови
20.15.
„Лука“, реж. Ице Виранов, 30 мин.
21.00
Промоција на „Филмска објектологија“ на Васил Михаил
Промоција на „Биографија на Тале Огненовски“ на Благојче Трајковски
21.30
„Тале Огненовски“, режија Благојче Трајковски 60 мин.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни