Истражувачите зад новата австралиска студија, која беше рецензирана и објавена во Lancet Psychiatry, за да стигнат до најновата проценка, користеле податоци од 2021 година.
Според студијата, преваленцата на нарушување на спектарот на аутизам (АСН) била двојно поголема кај мажите отколку кај жените. Јазот во дијагнозата, е затоа што девојчињата се дијагностицираат подоцна или воопшто не биле дијагностицирани поради различни симптоми. Според медиумот „Транмитер“ специјализиран за невронаука, девојчињата, исто така, би можеле да бидат „позаштитени од состојбата“ од момчињата поради генетски аспекти.
Овие наоди „ја нагласуваат важноста на рано откривање и поддршка на аутистичните млади луѓе и нивните старатели на глобално ниво“, напишаа авторите на студијата.
„Потребна е работа за подобрување на прецизноста и глобалното претставување на нашите наоди, почнувајќи со подобро глобално покривање на епидемиолошките податоци“, додаваат тие.
Најновата студија, во која беа вклучени 10 институции во Австралија, вклучувајќи ги Универзитетот во Квинсленд, Универзитетот во Аделаида и Универзитетот во Сиднеј, исто така покажа дека АСН е најчеста кај луѓето под 20 години.
За време на последната проценка спроведена на податоците од 2019 година, преваленцата беше едно од 271 лице или 369 на 100.000 луѓе. Оваа разлика најмногу се објаснува со промената на методот, „за да се исклучат студиите кои веројатно ја потцениле стапката на аутизам“, велат авторите во изјавата.
Најновата бројка е во согласност со распространетоста на Светската здравствена организација (СЗО) која проценува дека еден процент од децата ширум светот имаат аутизам.
Аутизмот или нарушувањето на спектарот на аутизмот (ASD) е сложена невро-развојна состојба која се манифестира во раното детство и опстојува во текот на животот. Карактеристиките се разликуваат меѓу поединците, но може да вклучуваат тешкотии во социјалната комуникација и интеракција, предизвици поврзани со сетилна обработка, повторувачки однесувања, интереси или активности, а во некои случаи и интелектуална попреченост, од кои сите се јавуваат на различни нивоа на сериозност.
Знаците на состојбата можат да бидат видливи на возраст од 1 до 3 години
„Аутистите се изложени на зголемен ризик од социјална изолација, академски или работни тешкотии и може да бараат психосоцијална поддршка во зрелоста“, велат авторите на студијата, додавајќи дека раната дијагноза може да го подобри исходот.