Во недела ќе се одржи традиционалното искачување на највисокиот врв во Македонија – Кораб по повод Денот на независноста. Искачувањето на врвот на Шар Планина висок 2.764 метри надморска височина се организира по 33 пат, од покровителство на Федерацијата за планинарство на Македонија и клубот „Кораб“. Тргнувањето е в недела во 5 наутро од Железничката станица во Скопје.
– Оваа година ни се приклучи и Армијата на Македонија која ќе ни спреми бесплатно гравче за приближно 1000 посетители. Сите клубови се добредојдени, сите луѓе кои сакаат да го качат нашиот највисок врв – велат организаторите.
Повеќе информации за настанот на линкот.