Британскиот актер Џуд Ло ќе го игра рускиот претседател Владимир Путин во новиот филм на францускиот режисер Оливие Асас „Волшебникот од Кремљ”, изјави филмската ѕвезда за порталот Deadline.
„Сè уште не почнав да работам на тоа. Мислам, почнав, но во овој момент изгледа како да треба да се искачам на Еверест“, изјави Ло.
Филмот ќе биде базиран на романот на италијанско-швајцарскиот писател Ѓулијано да Емполи, пренесува ТАСС.
Американскиот магазин Variety пишуваше во мај 2024 дека Џуд Ло, Пол Дано, Зак Галифианакис и Том Стариџ ќе се здружат во политичкиот трилер на Оливие Асас „Чаробњакот од Кремљ“.