Search

Џуџестите слонови од Борнео пред изумирање

Фото: Cheryl Cheah/WWF-Malaysia

Најмалиот слон на светот е во опасност од изумирање, откако бројот на живи единки во дивината дојде под 1000, но сепак научниците се уште се надеваат дека овој вид на слонови може да биде спасен.

Телото за конзервација, која ја прави „црвената листа“ на сите загрозени видови, вели дека џуџестите Борнео слонови ја загубиле речиси целата своја животна средина поради сечите на шуми. Овие слонови кои се околу еден метар пониски од нивните азиски братучеди, се наоѓаат само на островот Борнео и се познати како нежни и забавни.

Сепак, научниците сметаат дека се уште постои надеж за нивно зачувување, а ставањето на црвената листа само ќе помогне да се подигне свесноста за опасноста.

„Пораката за надеж е дека има многу организации кои работат напорно за да ги спасат слоновите“ вели Беноа Гусенс, од универзитетот во Кардиф.

Слоновите на Борнео живеат таму илјадници години, одделни од слоновите на копно, па поради тоа различно се развиле и еволуирале.

Најголема опасност за овие слонови е сечата на шумите, што ја уништува нивната животна средина и ги носи во почести контакти и конфликти со луеѓето. Во моментов има само околу 1000 единки во дивини.

Индустријата за палмино масло се разви во Малезија и Индонезија, што доведе до зголемена сеча на шумите, губиток на дивина, но и почести конфликти и судири меѓу луѓето и дивината.

Слоновите сега мора да одат во деловите каде што живеат луѓе во потрага по храна, а таму ги уништуваат поседите, поради што се и ловени.

Извор: BBC

Најново

Последни колумни