Имено, Џош Бролин ја откри својата зависност за време на гостувањето во поткастот „WTF“.
Како што самиот признава, на 56 години се откажал од џвакање тутун.
„Имам ќесичка во устата, 24 часа на ден. Дури и додека спијам“, рече тој.
Никотинските ќесички се ставаат помеѓу усните и непцата, каде што плунката ја раствора содржината на ќесичката. Овие ќесички содржат влажен и мелен тутун.
Актерот вели дека во минатото џвакањето тутун правело да се чувствува како да пие бензин. Освен тоа, актерот признава и дека крие никотински ќесички за да не ги најдат децата, објави Дејли Мејл.