– Италија секогаш стои покрај Европа и нејзината улога е да го брани единството на Западот, изјави денес италијанската премиерка Џорџа Мелони.
Мелони ја критикуваше интерпретацијата на интервјуто што го даде за Фајненшл Тајмс, во кое, според неа, се тврди дека таа се ставила на страната на претседателот на САД против Европа.
„Реков дека секогаш сум покрај Италија, дека Италија е во Европа и нејзината улога е и да го брани единството на Западот“, објасни Мелони.
Извор: ТАНЈУГ