Џорџа Мелони свикува итeн самит по конфликтот Трамп – Зеленски

-Потребен е итен самит на САД, европските земји и сојузниците за да разговараме искрено за тоа како планираме да се соочиме со големите предизвици на денешницата, почнувајќи од Украина, која заедно ја браневме последните години

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска повика на итен самит на Соединетите Американски Држави, Европа и сојузниците, велејќи дека поделбите го прават Западот „послаб“. Нејзината реакција доаѓа по конфликтот помеѓу претседателот на САД Доналд Трамп и претседателот на Украина Владимир Зеленски.

-Потребен е итен самит на САД, европските земји и сојузниците за да разговараме искрено за тоа како планираме да се соочиме со големите предизвици на денешницата, почнувајќи од Украина, која заедно ја браневме последните години – изјави Мелони.

Таа додаде дека Италија ќе им упати предлогот за самитот на партнерите во следните неколку часа, пренесува Аnsа.

Мелони утре во Лондон ќе одржи одделен состанок со британскиот премиер Кир Стармер, а потоа ќе присуствува на самитот на европските лидери за Украина. Стармер во Лондон ги покани и лидерите на Германија, Данска, Холандија, Норвешка, Полска, Шпанија, Турција, Финска, Шведска, Чешка и Романија, како и украинскиот претседател Владимир Зеленски, кој веќе пристигна во Лондон.

Се очекува дека на собирот ќе присуствуваат и генералниот секретар на НАТО Марк Руте и претседателите на Европската комисија и Европскиот совет Урсула фон дер Лајен и Антонио Коишта.

Извор Танјуг

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни