Оскаровецот Џорџ Клуни последниве месеци го претставува својот најнов филм „Момците во чамецот“. Во едно неодамнешно интервју за промоција на филмот, актерот беше запрашан дали е подобар во улогата на режисер или актер. Клуни призна дека е позабавно во режисерската фотелја.
„Позабавно е, имаш многу поголема контрола. Можам да им командувам“, се пошегувал актерот и додал: „Забавно е да дојдеш наутро, да го напишеш сценариото, а потоа некој да ја направи сценографијата што си ја напишал“, пренесуваат Холивуд репортер.
Извор: index.hr