Џони Деп се онесвестил во хотелска соба и го откажал концертот во Будимпешта

Фото: Getty Images

Холивудскиот актер и музичар Џони Деп во петокот требаше да настапи со својот бенд „Холивудски вампири“ во Будимпешта, но концертот беше откажан.

Џони се онесвестил во својата хотелска соба, по што бил повикан лекар, а групата не успеала ниту да се качи на сцената, пренесува The Mirror.

На социјалните мрежи многу фанови ја изразија својата загриженост за Џони и му посакаа брзо закрепнување.

Иако ова не беше наведено како официјална причина за откажувањето на настапот, на социјалните мрежи нашироко се споменува наклонетоста на Деп за прекумерно консумирање алкохол.

Во групата „Холивудски вампири“ на Алисон Купер и Џони Деп, покрај нив членуваат и Џо Пери од Аеросмит и Томи Хенриксен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни