На 30-ти ноември, во 20:00 часот, во салата на Македонската филхармонија, Националниот џез оркестар ќе одржи концертот под наслов “Golden Rock Swings”.
Ова е уникатно музичко доживување кое ќе ги спои најдобрите рок хитови со магијата на џезот!
,,Нашиот оркестар, заедно со гудачкиот ансамбл, ќе ви ги претстави легендарните рок песни во сосема ново светло, преку виртуозни џез аранжмани. Оваа вечер ќе биде исполнета со енергија, страст и музичка мајсторија која ќе ве остави без здив” велат џезерите.
Ексклузивни гости на концертот ќе бидат:- Бранислав Николов од Фолтин, фантастичниот џез вокал Џон Илија Апелгреен, еверојатната Светлана Јовановска.
Не пропуштајте ја оваа можност да бидете дел од музичкиот спектакл кој ќе ги обедини љубителите на рокот и џезот. Дојдете и уживајте во звуците на “Golden Rock Swings” и дозволете музиката да ве понесе на едно незаборавно патување.
Билетите се веќе во продажба! Може да ги набавите на следниот линк и на продажните места на MKТикетс. https://mktickets.mk/event/golden-rock-swings/