Џез вечер со Битлси на Летната сцена „Славиша Кајевски“ во МНТ

Организаторите најавуваат вечер исполнета со магични џез изведби на најголемите хитови на Битлси.

На 1-ви октомври со почеток во 21:00 часот, Националниот џез оркестар ќе настапи на Летната сцена „Славиша Кајевски“ во МНТ.

Организаторите најавуваат вечер исполнета со магични џез изведби на најголемите хитови на Битлси.

Летната сцена на Македонскиот народен театар (МНТ), именувана во чест на актерот Славиша Кајевски, беше свечено отворена на 17 септември и ќе функционира до 1 октомври. Оваа нова сцена, креирана како одговор на барањата на публиката, ќе дебитираше со претставата „Црнила ремикс“ – хип-хоп интерпретација на класичното дело од Коле Чашуле, режирана од Јордан Симонов и продуцирана од Младинскиот културен центар (МКЦ).

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни