Од 18 до 21 октомври, битолскиот „Џез фабрика фестивал“ (ЏФФ) ќе учествува на меѓународна конференција на Арт фестивали што се одржува во Шангај, Кина.
„Џез фабрика фестивал“ е единствениот претставник од Македонија, а учествува по покана од Саемот за изведувачки уметности на меѓународниот фестивал во Шангај (ChinaSPAF) и Network of Silk Road Arts Festivals.
Во рамките на конференцијата видеопрезентација за фестивалот и Општина Битола ќе има директорот на ЏФФ, проф. м-р Сашо Поповски кој ќе ги запознае присутните со формата, моделот и реализацијата на фестивалот како и можностите за културна соработка на Битола со останатите фестивали што се дел од конференцијата.
Меѓу останатите учесници на фестивалот се и Линколн центар УСА, Кенеди центар УСА, БОЖАР Белгија, Делхи интернационален арт фестивал Индија, Преформинг арт митинг Јокохама Јапонија, Националниот театар на Панама, Зимен интернационален фестивал Сочи Русија, ИТХРА Саудиска Арабија, Единбург интернационален фестивал УК и др.Саемот се одржува секоја година за време на неделата на отворањето на фестивалот.
Како најголем пазар за размена на изведувачки уметности во азиско-пацифичкиот регион, тој кани уметнички групи, уметнички институции и многу уметници од целиот свет да се собираат заедно секоја година во октомври.
Во изминатите неколку години, ChinaSPAF продолжи да се шири како професионална платформа за меѓународна културна размена, обезбедувајќи лидерство во развојот на нови соработки. Има изградено платформа за домашни и меѓународни уметници, групи за изведувачки уметности, театри и агенции за размена и прикажување, соработка и преговарање, олеснувајќи го влезот на повеќе меѓународна уметничка извонредност на кинескиот пазар и лансирање голем број извонредни домашни дела на глобалната сцена.
Вкупно 42 извонредни кинески оригинални продукции патувале во 29 земји и региони како резултат на присуството.