Џенифер Лопез поднесе барање за развод од Бен Афлек

Фото: Инстаграм

Холивудските ѕвезди Џенифер Лопез и Бен Афлек се разведуваат по две години брак, откако Лопез поднела барање за развод во вторникот во суд во Лос Анџелес.

Парот, кој таблоидите го нарекуваа Бенифер, се венчаа во Лас Вегас во јули 2022 година, а свадбената церемонија ја одржаа во Џорџија следниот месец.

Нивната романса почна откако се запознале додека работеле на сетот на филмот Жили во 2003 година. Прво планирале да се венчаат истата година, но сепак раскинале во 2004. Речиси две децении подоцна тие ја обновија врска.

„Љубовта е убава и изгледа дека таа е трпелива“ изјави Лопез во 2022 година откако ја најави венчавката со Бен Афлек.

Во судското барање се вели дека Лопез или нејзиниот адвокат треба да го известат Афлект, односно да му испратат копија од нивото барање за развод.

Медиумите пренесуваат дека Лопез, која легално го променила презимето во Афлек, не навела никакви детали за предбрачен договор со барањето за развод. Во документот кој е поднесен до Вишиот суд во Лос Анџелес се вели дека и Лопез и Афлек треба да ги делат финансиите, вклучително и своите сегашни приходи, трошоци, имот и долгови.

Досега низ медиумите имаше многу шпекулации за нивната врска. Наводно својата вила на Беверли Хилс ја ставиле на продажба за 65 милиони долари и подолг период не ги носеле своите бурми.

Афлек, кој е двократен добитник на Оскар, претходно беше оженет со глумицата Џенифер Гарнер, која ја запозна на снимањето на филмот Перл Харбор. Тие се разведоа во 2015 година по деценија брак и имаат три деца.

Лопез пред бракот со Афлек беше омажена три пати. Прво со келнер со кубанско потекло Ојани Ноа, потоа со поранешниот пратечки танчер Кирс Џуд и со пејачот Марк Ентони, со кого има близнаци.

Пејачката и глумица, позната како Џеј-Ло, исто така беше верена и за ѕвездата на Њујорк Јенкис, Алекс Родригез.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни