Џенифер Анистон се плаши од летање: Морав да одам на хипноза

Џенифер Анистон во текот на нејзината кариера морала да патува на еден куп различни дестинации ширум светот. Но, изгледа дека патувањата не ѝ се баш пријатни, бидејќи во интервју за Travel + Leisure откри дека има огромен страв од летање.
Фото: Instagram/jenniferaniston

Поради овој страв, развила малку необична рутина – прво го допирала авионот со десната дланка, а потоа со десната нога ќе стапнела по скалите. Помош нашла во хипнозата: „Во последно време одам на хипноза, а едно од барањата е да се ослободам од овие суеверија“.

„Веќе не го правам тоа со десната рака и нога – и сега се чувствувам изненадувачки добро!“ додаде таа. Таа го поминува времето за време на долгите летови со медитација, а редовно станува и прави кратка прошетка за да се истегне. Открила и една навика на која сè уште работи, а тоа е да пакува премногу работи. Таа се пошегува дека на пријателите им прави услуга со тоа што им дозволува да позајмуваат работи од неа.

Неодамна се појавија гласини дека Анистон е во врска со Педро Паскал. Се започна откако беа фотографирани на вечера во Западен Холивуд, што предизвика возбуда кај нивните обожаватели. Набрзо, извор близок до ситуацијата изјавил дека меѓу нив нема ништо романтично, што го потврди и Паскал.

„Јас и Џенифер сме навистина добри пријатели. Вечерав со неа во саботата, тоа беше забавна вечера за мартини“, коментира актерот за Entertainment Tonight на премиерата на втората сезона на серијата Last Of Us, во која глуми. Тој исто така се пошегува дека гласините за неговата врска со Анистон започнале поради нејзината „поголема слава“.

„Сето тоа е поради неа. Едноставно уживам“, рекол тој.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни