Џенерал Моторс со свој тим се приклучија во Формула 1

Формула 1 и Џенерал Моторс (ЏМ) постигнаа денеска начелен договор за влез на ЏМ/Кадилак како 11. тим во светскиот шампионат во Формула 1 од 2026 година.

„Посветеноста на Џенерал Моторс и Кадилак на овој проект е важна и позитивна демонстрација на еволуцијата на нашиот спорт. Сигурни сме во целосната соработка и поддршка од сите вклучени страни“, изјави претседателот и извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали.

Од своја страна, првиот човек на ЏМ, Марк Ројс, рече дека влезот во Формула 1 е чест за Џенерал Моторс.

„Како врв на мотоспортот, Формула 1 бара иновации и извонредност што ги поместува границите. Чест е за Џенерал Моторс и Кадилак да се приклучат на врвната светска тркачка серија, а ние сме посветени да се натпреваруваме со голема страст“, рече Ројс.

Тимот треба да го носи името Кадилак Ф1 и ќе користи мотори на Ферари во првите две години додека GM не добие мотор на Кадилак конструиран за натпреварување, почнувајќи од сезоната 2028 година. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни