Аукцијата вклучуваше облека што ја носеше актерската екипа, мебел и реквизити од Центар Перк, кафулето во кое се собираа главните ликови на серијата во секоја епизода.
Највисока цена е постигната со репликата на портокаловиот кауч од тоа кафуле, објави аукциската куќа Julien’s Auctions. Каучот се продаде за 29.250 долари, што е речиси 15 пати повеќе од првобитната цена.
Меѓу продадените артикли е и џемпер кој го носи ликот Чендлер Бинг (Метју Пери) во една од епизодите. Носен е за време на сцената во кафулето каде неговата свршеница Моника (Кортни Кокс) потврдува дека нема да го смени презимето во Бинг по венчавката, и кога Фиби (Лиза Кудроу) ќе го донесе јадењето на нејзината покојна мајка на божиќната забава.
Џемперот е продаден за 6.500 долари, шест пати повеќе од првобитната цена. На продажба беше и облеката што ја носеа актерката Винона Рајдер и актерот Брус Вилис во серијата.
„Пријатели“ се емитуваше од 22 септември 1994 година до 6 мај 2004 година и има вкупно десет сезони.
„Триесет години од премиерата во 1994 година, луѓето ширум светот продолжуваат да се заљубуваат во ‘Пријатели’, што се покажа со успехот на денешната аукција за 30-годишнината“, изјави Дејвид Гудман, извршен директор на Julien’s Auctions.
Аукцијата се одржува неколку недели пред првата годишнина од смртта на Пери. Тој почина на 28 октомври на 55 годишна возраст.
Извор: Н1