Џастин Бибер се враќа на музиката бидејќи му снемуваат пари

По четиригодишна пауза, Џастин Бибер размислува за враќање на музичката сцена.
Фото: Joe Bielawa from MInneapolis, USA, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Според Дејли Мејл, враќањето на Џастин Бибер на музичката сцена е планирано за оваа година. Тие исто така истакнуваат дека пејачот е мотивиран и полн со енергија да ја продолжи кариерата затоа што неговиот последен албум „Justice“ е објавен во 2021 година. Изворот додал и дека на Бибер му требаат пари.

„На канадската поп ѕвезда ѝ требаат пари и сака да работи“, изјави извор за Puck News.

Инаку, во август минатата година, тој и неговата сопруга Хејли Бибер го добија своето прво дете – синот Џек Блуз.

Изворот открил и дека покрај откажаната турнеја и детето, пејачот има и еден куп други трошоци кои го оптоваруваат во последните години. Финансиските проблеми на Бибер доаѓаат откако тој ги продаде правата на неговиот каталог за 200 милиони долари во 2023 година.

Неговото враќање во музиката треба да биде со нов тим, бидејќи ја прекина соработката со менаџерот Скутер Браун. Менаџерот Браун го најави своето повлекување од музичкиот менаџмент минатото лето, откако во минатото претставуваше ѕвезди како Бибер, Аријана Гранде и Деми Ловато.

Според последните информации, Бибер сега го застапува адвокатот Мајкл Роудс, кој во минатото ги застапувал познатите личности како Мадона и членовите на семејството Кардашијан.

Веста за враќањето на Бибер во музичкиот свет доаѓа повеќе од четири месеци откако музичарот Mk.gee за The New York Times изјави дека напишал и снимил песни со Бибер.

За потсетување, Џастин Бибер ја откажа својата светска турнеја Justice World на почетокот на 2023 година бидејќи му беше дијагностициран синдромот Рамзи Хант, кој може да доведе до парализа на лицето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни