Џамбо Агушеви оркестар со настап во Тирана

Во четвртокот на 16 мај, Џамбо Агушеви оркестарот настапија во Тирана во организација на македонскиот Културно информативен центар во Тирана, заедно со тиранскиот фестивал ,,Clouds,, под водство на директорката Едит Пула.

„Овој фестивал се одржува секоја година. Овојпат, простор кој се наоѓа во центарот на градот, беше исполнет до последно место со публика. Агушеви настапија супериорно, величествено убаво, свиреа технички совршено во манир на големи светски артисти, плетејки мрежа од прекрасни мелодии. Публиката стануваше, играше во транс, дел од нив се качуваа на сцена играјки заедно со нашите музичари“, велат од Културно информативниот центар во Тирана.

Агушеви пред да настапат во Тирана, имаа неколку концерти во Германија, а веднаш после настапот, отпатуваа на концерт во Бугарија.

Македонскиот Културно Информативен Центар во Тирана, најавува уште еден настан. На 23 мај во Тирана ке настапат ДОБРИЛА и ДОРИАН ДУ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни