“Моите ќерки нема да го гледаат. Рекоа дека не сакаат. Ниту една од нив не е заинтересирана да ја гледа мајка си на тој начин”, коментирала Кидман за британски Телеграф.
Сандеј и Фејт се нејзините ќерки од бракот со Кит Урбан, додека таа ги посвои ќерката Изабела (32) и синот Конор (29) од бракот со Том Круз.
Да потсетиме дека актерката претходно зборуваше за снимањето на самиот филм. Таа откри дека во одредени моменти морале да прекинат со снимањето поради интензитетот на еротските сцени. Во интервју за The Sun, таа призна дека сцените со Харисон Дикинсон и Антонио Бандерас, кој го игра нејзиниот сопруг, понекогаш биле премногу напорни.
Кидман за оваа улога ја доби наградата за најдобра женска улога на филмскиот фестивал во Венеција, но не ја прими лично затоа што тогаш почина нејзината мајка Жанел.
Во потресната изјава што ја пренесе режисерката Никол, таа истакна дека нејзината мајка е клучна фигура во нејзиниот живот и ѝ ја посвети наградата.