Ќерката на Еди Марфи сега се идентификува како маж: Ја доби со пејачката Мел Би, а има уште девет деца

Ќерката на славниот актер и комичар Еди Марфи и поранешната членка на групата Spice Girls, Мел Би, соопшти дека е трансродова личност и дека отсега се идентификува како маж.

Ајнџел, која има 18 години, на своите профили на социјалните мрежи почна да користи заменката „тој“, го промени стилот на облекување и се ишиша кратко, со цел да изгледа како маж.

Според пишувањата на Daily Mail, одлуката на Ајнџел добила целосна поддршка од двајцата родители. И Мел Би и Еди Марфи изјавиле дека го сакаат и поддржуваат своето дете.

Мел Би и Еди Марфи беа во кратка врска од која ја добија Ајнџел, но и по раскинувањето останаа во добри односи. Мел има уште две ќерки – Медисон и Феникс, додека Еди Марфи е татко на вкупно десет деца.

Своето прво дете, синот Ерик, го доби во 1989 година со тогашната партнерка Поуле. Со Тамара Худ го има синот Кристијан. Со поранешната сопруга Никол Мичел Марфи има пет деца – ќерките Бриа, Мајлс, Шејн, Зола и Бела. Со сегашната партнерка, австралиската актерка Пејџ Бачер, има уште две деца – ќерка Изи и син Макс.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни