Советот на Град Скопје вчера расправаше за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се зголеми цената за изминат километар на приватните превозници од 70 на 100 денари, барање кое тие го оценија како прифатливо. Сепак, опозицијата во Советот предупреди дека обезбедувањето дополнителни средства може да се случи само преку ребаланс на буџетот, кој законот дозволува да се донесе само до 15 ноември.
Веќе неколку дена сметката на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) е блокирана поради долг кон добавувачот на нафта за автобусите, потврди директорот на претпријатието, Драги Кушевски, пред почетокот на вонредната седница на Советот на Град Скопје.
И додека градоначалничката Арсовска предупредува за евентуални прекини во јавниот превоз поради блокирана сметка на ЈСП, судбината на новите договори останува неизвесна.