Политички аналитичари, економски, воени и други експерти во медиумите ширум светот зборуваат за можните последици од победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Тие не се занимаваат само со берзи, односи на моќ и конфликти, туку и со социјални прашања, култура, па дури и шоубиз.
Британците, се занимаваат со принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл и што носи победата на Трамп за парот кој пред пет години реши да го напушти Островот. На пример, експертите за кралското семејство од магазинот ОК веруваат дека принцот и неговата сопруга, војводата и војвотката од Сасекс, многу внимателно ги следеле резултатите од изборите бидејќи, како што тврдат, би можеле да имаат значително влијание врз нивните животи. Камала Харис ја изрази поддршката за принцот Хари и Меган Маркл, додека пак Трамп не беше многу љубезен кон нив. Трам не зборуваше добро за нив откако Хари и Меган решија да престанат да живеат во Велика Британија и да ја бараат среќата преку Атлантикот.
Во 2020 година, Сасекси индиректно застанаа на страната на Џо Бајден. Тие потоа се појавија во видео во кое ги повикуваат Американците „да гласаат против говорот на омраза“. Иако не спомнаа ниту едно име, нивните зборови беа сфатени како референца за Трамп, а со тоа и како поддршка за Бајден. Мирор тогаш напиша дека Хари и Меган го прекршиле договорот во Сандрингем, каде што принцот и другите членови на кралското семејство во суштина се договориле за условите на Мегксит.Megxita Меѓу другото, таму беше ставено и прашањето за искажување политички ставови.
Мора да се признае, после се што напишаа и кажаа Сасексите, ова е веројатно најмалиот проблем на Виндзорите. Трамп во неколку наврати изјави дека „не е обожавател“ на Меган Маркл. Кога решиле да се преселат од Канада, каде што поминале извесно време по напуштањето на Велика Британија, во САД, во Калифорнија, тој на Твитер напиша дека Америка нема да плаќа за нивното осигурување, туку тие самите мораат да се погрижат за тоа.
Во разговор со Пирс Морган, најжестокиот критичар на брачниот пар, во 2022 година тој беше уште пожесток. Рече дека никогаш не видел личност толку контролирана како принцот и дека Меган сигурно ќе го остави „кога ќе одлучи дека повеќе и се допаѓа друго момче“.
Во текот на предизборна кампања Трамп неколку пати зборуваше негативно за Меган и Хари, па дури и сугерираше дека доколку победи, војводата од Сасекс би можело да биде и депортиран од САД.
Хари до неодамна имаше проблем со визата која му овозможува престој во САД. Откако принцот во својата книга „The Reserve“ призна дека земал марихуана, кокаин и халуциногени печурки, конзервативната организација Heritage Foundation поднесе тужба до американската федерална влада, барајќи од нив да откријат информации поврзани со апликацијата за виза на Хари, односно да проверат дали во неа признал дека употреба дрога.
Тужбата беше поднесена кога Службата за домашна безбедност го одби нивното барање за декласификација на досиејата на Војводата, врз основа на правото на слобода на информации. Пред да биде изречена пресудата, Трамп ја критикуваше администрацијата на Бајден, велејќи дека тие го „заштитуваат Хари“ и дека тој добива повластен третман. Во интервју за Express US, Трамп рече: „Не би го заштитил. Ја предаде кралицата. Тоа е непростливо“.
Во интервју за GB News, на прашањето „дали Хари ќе има посебни привилегии“, Трамп одговори: „Не. Ќе треба да видиме дали знаат нешто за дрогата и дали лаже.
Во октомври, судот одлучи дека досиејата на принцот остануваат доверливи.
Инаку, принцот во своите мемоари напишал дека баш и не сакал кокаин, но со марихуаната било поинаку. „Тоа навистина ми помогна“, рече тој.
Тој сподели и бизарна приказна за волшебните печурки и раскажа како откако ги земал видел како кантата за ѓубре се трансформира. “Зјапав во кофата. Таа зјапаше назад во мене. И тогаш стана… глава. Згазнав на педалата за да го подигнам капакот и главата ја отвори устата. Голема насмевка”, ја опиша халуцинацијата.
Постојат голем број прашања за употребата на дрога во апликациите за американска виза и тие можат многу да влијаат на одобрувањето. Ова е голема причина за негативен одговор, иако визните власти може да земат предвид бројни различни фактори кога одлучуваат дали да дадат или одбијат виза.
Пред неколку месеци за Хари зборуваше и Ерик Трамп. Тој во интервју за MailOnline, кажа дека принцот веројатно нема да има некои поголеми проблеми со документите за имиграција дури и ако неговиот татко дојде на власт.
„Искрено, не ми е грижа за принцот Хари. Тоа е случај со сите во оваа земја. Татко ми ја сакаше кралицата и мислам дека монархијата е прекрасна работа“, рече тој, додавајќи дека „баш ми е гајле“ дали Хари се дрогирал. „Тоа не значи ништо. Можам само да ви кажам дека татко ми и целото наше семејство имаат голема почит кон монархијата“, додаде тој.
Во истиот разговор, тој рече дека дека „Хари претерал“ и дека тоа е „тажно е да се гледа“, но имал само добри зборови за принцот Вилијам. Неговата сопруга принцезата Кетрин ја нарекол „цврста карпа на следната генерација на семејството“.
На социјалните мрежи и во медиумите веќе се проширија теории дека војводата и војвотката од Сасекс, биле подготвени за варијантата „враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа“. Планот Б, не е да се вратат во Обединетото Кралство под заштита на кралското семејство, туку – да се преселат во Португалија, каде што купиле имот вреден повеќе од пет милиони евра.