Ќе биде ли Кипар европската алтернатива за природен гас

Кипар напредува со истражувачки активности, со цел да биде алтернативен и сигурен извор на природен гас за ЕУ, напиша кипарскиот претседател Никос Христодулидис на платформата Икс, откако утрово започнаа дупчењата во Кипарската ексклузивна економска зона.

Од Министерството за енергетика, трговија и индустрија на Кипар соопштија дека бродот-дупчалка утринава започна со дупчење на целта „Електра-1“, во рамките на парцелата пет од кипарската Ексклузивна економска зона, а истражувањата ги вршат „ExxonMobil Exploration and Production Cyprus“ и „QatarEnergy International E&P LLC“, која поседува лиценца за истражување на јаглеводороди за предметниот блок.

Република Кипар минатата недела издаде Навтекс за отпочнување на дупчењето што ќе важи до 19 јуни оваа година, а истражувањето се очекува да заврши кон средината на следниот месец, а на крајот од февруари ќе бидат објавени првичните резултати. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни