Меѓународниот олимписки комитет се извини на Јужна Кореја, откако нивните олимпијци беа претставени како тимот на Северна Кореја.
Додека јужнокорејските спортисти пловеа по Сена, гордо веејќи ги нивните знамиња и францускиот и англискиот спикер ги претставија како претставници на Демократска Народна Република Кореја – официјалното име за Северна Кореја. Ова име беше искористено два пати, од кои еднаш правилно, кога поминуваше делегацијата на Северна Кореја.
🇫🇷🇰🇷 South Korea outraged after being accidentally introduced as the DPRK at the Olympics pic.twitter.com/ihDrR2mZOI
— HOT SPOT (@HotSpotHotSpot) July 27, 2024
Министерот за спорт на Јужна Кореја најави дека ќе поднесе силна жалба до Франција на владино ниво поради овој засрамувачки гаф. Од министерството исто така побарале и средба со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет.
„Би сакале да упатиме длабоко извинување поради грешката во претставувањето на делегацијата од Северна Кореја за време на церемонијата за отворање“ се вели во извинувањето од Олимпискиот комитет.
Официјалното име на Јужна Кореја е Република Кореја и на Летните олимписки игри во Париз настапува со 143 спортисти во 21 спорт.
Северна Кореја испрати 16 спортисти во Париз и ова е прво нивно учество по Рио 2016.